ЃОРЧЕВ ОД БЕРОВО: ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ ВО БЕРОВО, МЛАДИТЕ СЕ ВО ФОКУСОТ НА ВНИМАНИЕТО (ВИДЕО)

ЃОРЧЕВ ОД БЕРОВО: ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ ВО БЕРОВО, МЛАДИТЕ СЕ ВО ФОКУСОТ НА ВНИМАНИЕТО (ВИДЕО)
септември 29 09:41 2021

Време е за промена во Берово, имаме проекти насочени кон младите, имаме нова енергија за да го спречиме егзодусот на малдите во Малешевијата кој е најголем во историјата на Македонија.Вмро Дпмне води грижа за младите и сакаме младите да ни останат тука во Македонија, од таа причина сакаме да ја презентираме во наредините денови нашата програма.Мислам дека доаѓа промена на власта, мислам дека на овој Заевизам во кој живееме му се гледа крајот, истакна синоќа Владимир Ѓорчев при работната посета на Берово.

-Целта е да се даде полна поддршка на Елеонора Рашковска за градоначалник на општина Берово, затоа што има одлична програма, затоа што имаме одличен тим во советничката листа, луѓе коишто ги знаат граѓаните.Берово изминатите четири години стагнираше, не се правеа проекти во Берово, напротив, егзодусот на младите во Малешевијата е најголем во историјата на Македонија.Идната градоначалничка на Берово, треба и мора да има солидна поддршка во советот.Време е за промена во Берово, мора да имаме проекти, мора да имаме нова енергија, а мислам дека Елеонора Рашковска и нашите советници ја даваат таа порака – рече Ѓорчев.

Исто така Ѓорчев нагласи дека не очекува фер и демократски избори и дека очекува притисоци и поткуп од власта, но очекува масовна поддршка од граѓаните бидејќи народот со право е револтиран од страна на власта.

-Од Зоран Заев ништо не очекувам.Очекувам напротив притисоци, поткупи сето она што го гледаме изминативе години.Но мислам дека неодбранлицо е веќе да се гласа за Зоран Заев, неодбранливо е да се дава поддршка на овие неразбрани трговци, неодбранлово е Македонија да има седум илјди погреби и најголема смртност во светот, а власта да ни вели дека се е во ред.Во ситуација во која што ни изгореа и живи луѓе и болници и шумите тука во Малешевијата, а никој не презеде одговорност.Не очекувам од власта фер однос, но очекувам масовна поддршка од граѓаните, затоа што народот со право е револтиран и разочаран од власта.Мора да имаме промена на власта, мора да имаме промени на подобро, затоа што Македонија не заслужува да биде последна во се – додаде Владимир Ѓорчев.

  Категории: