ЧЕТИРИ СЕМЕЈСТВА ВО НАСЕЛБАТА МАНАКИЈА ВО БЕРОВО ЗА ПРВ ПАТ ДОБИЈА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

ЧЕТИРИ СЕМЕЈСТВА ВО НАСЕЛБАТА МАНАКИЈА ВО БЕРОВО ЗА ПРВ ПАТ ДОБИЈА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
јануари 31 17:45 2022

Се решава деценискиот проблем на неколку семејства во населбата Манакија во Берово, кои што во рамките на Проект ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”  за прв пат добија електрична енергија.

Градоначалникот на општина Берово,  заедно со Локалниот координатор на проектот, денеска ги посетија семејствата, на улицата ,,Братство Единство”, кој што истакнаа благодарност за решавање на нивниот проблем, кој што како што истакнаа се провлекува долги 40 години.

Проектот  ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”, се рализира во соработка со Здружение за одджлив развој- Зелен Институт од Скопje а финансиски е поддржан од Европска Унија, преку Делегација на ЕУ во Скопје.

Процесот за обезбедување на електрична енергија започна од месец септмври, кога се поставени кабли, електрични ормани, и приклучување на струја, во куќите на домиќанставата, за да денеска целосно можат да ги користат услугите на ЕВН.

Во рамките на истиот,  во процес е и приклучување на  нова водоводна линија ул. ,,23 Август” крак 2 и  водоводна мрежа за 7 домаќинства во населбата, како и подготовка на техничка документација  за канализација на ул.,,Прохор Пчињски”. Исто така во скоро време ќе бидат изработени ДУП и ГУП во ромското маало, а во текот на 2022 година ќе започне и реконструкција на вкупно 15 куќи на ромски семејства.

  Категории: