Компанијата „Зегин“ упати честитки поповод големиот христијански празник на сите свои вработени и граѓаните на Малешевијата и Пијанец, порачувајки дека овој празник е еден од најголемите христијански празници кој ги слави универзалните човекови вредности меѓу кои почитта, разбирањето и помагањето едни со други.
-Нека денешниот ден и најголемиот празник Успение на Пресвета Богородица, ни донесе на сите мир, благосостојба и почит едни со други.Овој голем празник го славиме сите христијани затоа што е симбол на нашата вера. Успение на Пресвета Богородица е еден од најголемите наши христијански празници. Ви посакувам на сите да имате пријатен ден поминат во кругот на Вашите семејства, со искрена желба празникот да го минете во добро здравје и во благосостојба, исполнети со љубов и со хармонија.Нека е за многу години, рече Благој Механџиски, споственик на компанијата „Зегин“.