Почитувани граѓани,
Ви го честитам големиот христијански празник ВЕЛИГДЕН, со најискрени желби, за многу здравје, среќа, мир и благостојба, солидарност, хармонија и просперитет.
Во овие денови кога христијанските вредности, достигнуваат кулминација, во духот на празникот над празниците, со кој се слави победата на животот над смртта, следејќи го примерот на Христа, Велигден нека донесе мир во душата, љубов во срцето и со верба во Бога, да се радуваме, да простуваме и да се почитуваме.Во сите домови, нека завладеат слогата, хармонијата и сите семејни вредности, а деновите на празнување нека бидат исполнети со радост и среќа.Со вера, љубов и надеж во нашите срца и души, да ги цениме и почитуваме семејните вредности и да дадеме свој придонес за посреќни семејства.Ви го честитам Велигден, на сите христијански верници, со желби за убави празнични денови.
Останете во добро здравје!
Христос воскресна! Навистина воскресна!
За многу години!
Градоначалник на Општина БеровоЗвонко Пекевски