На сите првославни верници, Ви го честитам големиот празник ,,Успение на пресвета Богородица”, посакувајќи многу здравје, среќа, почит, љубов, разбирање и толеранција.
Ние беровчани сме народ, кој столетија наназад, со неизмерна среќа го слави овој празник, во миговите на спокој и убавини, сплотени како што доликува и љубезни домаќини, каков што секој би посакал.
Во овие мигови на создавање на нови традиционални вредности, да испратиме порака за сплотеност, заедништво и силна вера, дека само добрите дела го прават човекот, човек, а човечството поубаво и посреќно.
Да ги негуваме традиционалните вредности, зошто пандемијата покрај бројните предизвици, не научи да ги цениме вистинските вредности, да живееме сакајќи ги блиските и градејќи почит кон нив и кон сите останати.Искрено се надевам, дека годинава ќе го видиме Берово, полно со народ, ќе создаваме убави спомени и среќни приказни кои ќе траат.
Да се почитуваме едни со други и да се градиме во позитивни личности, кој ќе бидат пример за идните генерации!За многу години празникот ,,Успение на пресвета Богородица”! Да сте живи и здрави!
Општина БеровоГрадоначалникЗвонко Пекевски