Ахмадија муслиманската заедница од Македонија, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам вечера во градот Пехчево, ја заокружи хуманитарната акција со доделување над 600 пакети во неколку градови на истокот, на најранливите категории граѓани.
Под мотото „Љубов секому, омраза никому“, џемаатот на Ахмадија заедницата заедно со хуманитарната организација Хјуменити фрст исто така обезбедија и лекови за беспомошните стари лица, каде заедно со лекарски патроли ги посетија селата, Робово, Умлена, Негерво и Црник.
Граѓаните упатија голема благодарност до членовите на Ахмадија заедницата и не изоставија да го покажат своето задоволство.
Инаку секоја година Ахмадија заедницата обезбедува хуманитарни пакети за сите граѓани на кои навистина им е потребна помош, без разлика дали се христијани или муслимани, а целта е секоја да ја почувствува топлината и убавината на празникот Бајрам и љубовта кон секој човек .
По месецот на постот утре муслиманите го слават најголемиот празник Рамазан бајрам, додека Ахмадија заедницата активно веке 20 тина години работи на овие простори со огромни резултати на почит и соработка меѓу луѓето.