Околу 20 Роми активисти од Берово со пддржка на невладината организација „Сонце“ од Тетово во соработка со Црвениот крст на Македонија, и Фондација Отворено општество – Македонија, денес поделија 70 прехрамбени и 70 хигиенски пакети на Ромската заедница во градот.
Обезбедената помош која е добредојдена за најпогодените од пандемијата Ковид 19, Ромите, се реализира во 17 градови во државата преку програмата Roamcted, која веќе неколку години е присутна и во Берово, а ја спроведува НВО „Сонце“ од Тетово.
Активистите Роми пак, кои ја спроведоа акцијата, деновиве се реорганизираа и заедно со повеќе истомисленици, најавуваат конкретни активности и во иднина за подобрување на животот на Ромите, кои за жал се уште се чувствуваат како граѓани од втор ред и не ги уживаат сите права еднакво како и останатите.
Инаку претходно неколку организации и поедници ја препознаа алармантната состојба и последиците од Корона вирусот врз Ромската популација во Берово, па несебично ја истакнаа својата хуманоста за да помогнат.