По повод утрешниот празник Св. Никола унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ од Берово, во соработка со ресторанот Мис Стон, денес поделија хуманитарни пакети со храна на социјално загрозените граѓани на Берово.Како што истакна претседателката на унијата секоја година за време на новогодишните и божиќните празници се организираат вакви хумани акции со цел да се помогне и да се излезе во пресрет на граѓаните на кои им е потребна помош.
Граѓаните пак им се заблагодарија на Унијата на жени и изразија задоволство од хуманата акција.
Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ од Берово не застанува тука.Веќе утрешниот ден продолжуваат со хуманост и помош на децата од малиот групен дом во Берово.