ФФМ ДЕТСКА ЛИГА ИСТОК 3 КОЛО: ФК МАЛЕШ – ГФК ОСОГОВО

ФФМ ДЕТСКА ЛИГА ИСТОК 3 КОЛО: ФК МАЛЕШ – ГФК ОСОГОВО
октомври 08 20:12 2022

На градскиот стадион „Димитар Беровски“ во Берово, денес беше одиграно 3 коло во Детската лига источен регион, каде домаќинот Малеш го пречека Осогово. На двата натпревари кои се одиграа со почеток од 10 часот, најпрво младите фудбалери (генерација 2012/2013) иако прикажаа добра игра, загубија со резултат 3:0 од нивните врсници од Осогово.

Вториот дуел помеѓу младинците на ФК Малеш и ГФК Осогово (генерација 20210/2011), под водство на професорот Љупчо Нешовски, прикажаа исклучително инспиративна игра со голеада и навистина одличен натпревар каде во мрежата на гостинскиот тим од Кочани успеаја да погодат дури 9 погодоци. Во текот на целиот натпревар, младинците доминираа на теренот, па гостинскиот тим само неколкупати го помина центарот на игралиштето, што укажува на посветеноста, ангажманот и дисциплинираниот однос према работните обврски во тренажниот процес.

Квалитетот, тренинзите и големата желба за победа, нашите младинци ги крунисаа со победа од 9:0. Претходните две кола, младинците на Малеш од генерацијата (20210/2011) издвојуваа победа на гости над Академија Тошев со резултат 1:3 и над екипата на Слога од Виница со резултат 0:3.

Честитки до децата за успесите.

Во продолжение погледнете ги двата натпревари во денешното 3 коло во Детската фудбалска лига:

Малеш-Осогово генерација 2010/2011:

1 полувреме

2 полувреме

Малеш-Осогово генерација 2012/2013:

1 полувреме

https://youtube.com/watch?v=W0foI57q3N4%3Flist%3DTLPQMDgxMDIwMjImKhZX4iyrPg

2 полувреме

https://youtube.com/watch?v=X9aWCwwwaqo%3Flist%3DTLPQMDgxMDIwMjImKhZX4iyrPg

  Категории: