ФУДБАЛСКИОТ ТУРНИР „МАЛЕШ КУП“ ВО БЕРОВО ЦЕНТАР НА СПОРТСКИТЕ СЛУЧУВАЊА НА ИСТОКОТ

ФУДБАЛСКИОТ ТУРНИР „МАЛЕШ КУП“ ВО БЕРОВО ЦЕНТАР НА СПОРТСКИТЕ СЛУЧУВАЊА НА ИСТОКОТ
јуни 30 16:51 2023

Веќе четири дена, Берово е центар на спортските случувања во истокот, каде во тек се игрите во мал фудбал, од ноќниот турнир ,,Малеш куп”, кој  го  организира  општинскиот клуб ,,Малеш”,  со поддршка од Општина Берово и локалните бизниси.

Спортските терени пред комплексот стара гимназија, деновиве се вистински рај за очите и душата и вистински предизвик да се потроши време повеќе,  во духот на спортот и фудбалот, но и да се дружиме, забавуваме, да шириме позитивна енергија и да создадеме спомени за памтење.

Турнирот трае една недела, на истиот има пријавено 14 екипи од цела Македонија. Се игра во групен формат, две групи од по 4 екипи и 2 групи од по 3 екипи. Од утре, 30.06.2023 година, започува нокаут фазата (четврт финалето), во сабота ќе се одигра полуфиналето, а финалето на турнирот е во недела, кога се очекува возбудлива игра и многу забава.

Турнирот има голем награден фонд :

80.000,00 денари за прво место,

40.000,00 денари за второ местo,

30.000,00 денари за трето место,

а наградена со 10.000,00 денари ќе биде и четвртопласираната екипа.

Турнирот е добра прилика,  младите да уживаат, низ спортски дух, да се  дружат и забавуваат и да шират позитивна енергија. Публиката, секојдневно е играч повеќе, кој дава мотив, или е тест за емоциите, што не водат кон негување на позитивните вредности.

Секоја вечер, на едно место се обединуваат спортисти, новинари, граѓани и љубители на спортот, а младите се  насочени кон здрав начин на живот, без пороци.

Дружењето преку спортот, е животна лекција, која не учи на дисциплина, одговорност, самодоверба, тимска работа и промоција на физичкото, менталното и социјалното здравје.

Повеќе од сигурно е дека турнирот во мал фудбал во Берово, означува почеток на нов традиционален настан во Берово, низ позитивна атмосфера, ведар дух, пријателска конкуренција и фер игра.

Вечерва пак започнуваат четвртфинални натпревари, каде што се очекуваат интересни натпревари преостанатите и возбудливи судири меѓу тимовите кои се берат за шампионската титула.

  Категории: