По донесеното решение од (АХВ) Агенцијата за храна и ветеринсрство, со кое се забранува користење на водата за пиење и готвење во Берово поради зголемено присуство на манган, компанијата Зегин го вклучи алармот за помош и донација со достава на вода за пиење за ранливите категории граѓани и стари изнемоштени лица во Берово и Малешевијата.
Хуманите дела по кои е позната компанијата Зегин, продолжија и денес во неколку села во Малешевијата и дел во градот Берово, каде беше доставена флаширана вода за потребите граѓаните.
Оваа акција ќе продолжи додадоа од компанијата, се додека не биде безбедна водата за пиење од градскиот водовод во Берово.
-Зегин како општествено-одговорна компанија и е вклучена во голем број хуманитарни акции и овој пат донира вода за најсиромашните и за оние на кои им е најпотребна. Се надеваме дека дури не биде водата добра за пиење, ние секако нема да престанеме да донираме вода за граѓаните, нема да ги оставиме и секогаш сме тука за нив. Денес распоредуваме пакети со вода за околу 100 семејства, кои ќе бидат снабдени со вода – рече Ивана Марковска претставник од аптеката Зегин во Берово.
Во акцијата за достава на вода до населените места во Малешевијата, се вклучи и порталот Малеш Нет, кој со претставници од Зегин заедно доставија пакети со вода до најранливите категории. Од теренските посети кај граѓаните, имавме ситуација во село Мачево, каде нема ниту една продавница, луѓе штотуку вратени од работа не можеле да обезбедат вода за пиење, па ова донација им беше добредојдена. Сите жители кои ги посетивме, упатија благодарност до компанијата „Зегин“ и сопственикот Благој Механџиски, што секогаш кога е најпотребно безрезревно се грижи и помага со разни хумани дејности.
Инаку веќе осми ден, водата од градскиот водовод во Берово е забранета за пиење. Сеуште немаме информации и не се знае кога може повторно да се користи за пиење и готвење. Дотогаш, акцијата за донација на вода од компанијата Зегин, продолжува и во наредните денови и до кога е потребно, бидејќи чиста и безбедна вода е неопходен ресурс, кој го заслужува секој граѓанин без разлика на која локација се наоѓа.