Уште еден земјотрес почувствуван во Делчево, Берово и Пехчево

Уште еден земјотрес почувствуван во Делчево, Берово и Пехчево
април 25 20:13 2022

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 25.04.2022 година регистрираше земјотрес 120 km југоисточно од Скопје кој потекнува од пограничното епицентрално подрачје Пехчево-Кресна.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 18 часот и 31 минути со Рихтерова локална магнитуда ML4.2 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Делчево Берово, Пехчево и околината.

Ова е втор земјотрес денеска што потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна. Првиот беше регистриран изутрината во 6:36 часот и беше со Рихтерова локална магнитуда ML 2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

  Категории: