Ученици од ОСУ ,,Ацо Русковски” од Берово на Европски натпревар за најдобра ученичка компанија во Талин, Естонија

Ученици од ОСУ ,,Ацо Русковски” од Берово на Европски натпревар за најдобра ученичка компанија во Талин, Естонија
јули 14 13:02 2022

Пет ученици од ОСУ ,,Ацо Русковски” од Берово, под менторство на професорката Цветанка Пеовска, во периодот од 12-15 јули, се натпреваруваат за најдобра ученичка компанија на Европскиот натпревар во Талин, Естонија.

Андреј Попчевски ,  Бојана Арменска ,  Даниел Димовски , Ангел Биковски,  и  Христина Бошнаковска, сите од  IV година, , кои го освоија првото место на Националниот натпревар за најдобри ученички компании за учебната 2021/2022 година во Струга, вчера се преставија на сцена, а денес ги очекува преставување на штанд.

Gen-Е 2022 г. во Талин, Естонија е најголемиот фестивал на Џуниор Ачивмент Европа, го слави претприемништвото и достигнувањата на младите во Европа.

Овој настан овозможува илјадници ученици и студенти, од 41 земја членка на мрежата, да ги претстават своите иновативни бизнис идеи пред врсници, големи светски компании и бројни општествени, бизнис и политички чинители.

Им посакуваме многу успех!

  Категории: