Штрајкот во училиштата е ставен во мирување, денеска соопшти претседателот на СОНК Јаким Неделков.
Истакна дека ваквата одлука на Советот на синдикатот доаѓа по добиено известување од Министерството за образование и наука со кое отпочнува постапка за помирување.
Неделков кажа дека ова е само почитување на законот а ако не се изнајде решение за брзо време, штрајкот ќе продолжи.
– Ова е само почитување на законот, доколку не се договориме, повторно ќе го активираме штрајкот. Уверени сме дека во периодот на помирување ќе ги најдеме соодветните решенија и дека нема да има потреба да го активираме штрајкот, изјави Неделков.
Изрази надеж дека платите ќе бидат зголемени, дневниците за време на штрајкот нема да бидат скратени и дека колективните договори ќе бидат потпишани и утврдени со рокови.
Извор: Канал 5 Тв