Учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево од IV – а одделение го посетија Градоначалникот на Општина Пехчево

Учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево од IV – а одделение го посетија Градоначалникот на Општина Пехчево
ноември 11 18:06 2022

Учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево од IV –а одделение, вчера заедно со нивната наставничка Емилија Марковска го посетија Градоначалникот на Општина Пехчево и општинската администрација.


Посетата беше со цел учениците да се запознаат со надлежностите и работата на Градоначалникот и ингеренциите кои што тој ги има за општината, затоа што по предметот „Историја и општество“ за четвртто одделение учат за општина, совет и градоначалник.
Од она што веќе го имаа научено дечињата, му кажаа на градоначалникот за симболите кои ги има една општина, раскажаа како се избира градоначалникот и советот, на колку години има локални избори, и делумно знаеја кои се ингеренциите и надлежностите на градоначалникот во општината.


Му поставија и неколку прашања при што градоначалникот ги запозна учениците на кој начин општината се грижи за селектирањето на отпадот иако тоа се спроведува на неколку локации во градот, за тоа како се грижиме за јавното осветлување и за децата со посебни потреби и ги запозна учениците дека сите јавни објекти имаат направено пристапни рампи за лицата со посебни потреби.

Разговараа и за развојот на туризот и проектите кои во иднина ќе се реализираат во туристичката населба Равна Река – Пехчево.
Учениците од IV – а одделение му подарија скромен подарок на Градоначалникот, а потоа и Градоначалникот ги почести и им подари рекламен материјал за да можат да научат нешто повеќе се општината во која живета и растат.


Пред замнување учениците ги кажаа своите желби и предлози, за тоа, што сакаат да направи Градоначалникот за да Пехчево биде поубаво место за живеење. Посакаа детски паркови, побогат културен живот и развој на спортот во општината.

  Категории: