Успешно завршија активностите од Еразмус + проектот „Трансформативна сила на дигитализацијата во училиштата“

Успешно завршија активностите од Еразмус + проектот „Трансформативна сила на дигитализацијата во училиштата“
јуни 07 14:40 2023

Во рамките на Eразмус+ проектот „Трансформативна сила на дигитализацијата во училиштата“, поддржан од Нацоналната агенција за европски образовни програми и мобилност, КА1- Краткорочни проекти за мобилност на ученици и вработени/кадар во полето на училишно образование, во периодот од 08.05.2023 до 18.05.2023 во Мадрид, Шпанија, 10 наставника од одделенска и предметна настава од ООУ„Ванчо Китанов“ – Пехчево учествуваа на обуки од областа на училишно образование (курсеви и работа во сенка).

 Наставниците учесници на мобилноста покрај зајакнувањето на своите дигитални вештини имаа можност одблиску да се запознаат со образовниот систем во Шпанија, условите и начинот на реализација на наставниот процес и инклузивноста, практични искуства во доменот на дигитализацијата, просторно-техничките услови за работа на училиштата домаќини како и запознавање со шпанската култура и традиција.

Како дел од завршните настани на проектот на 31.05.2023 година во просториите на училиштето се одржа дисеминација на знаењата и искуствата стекнати на мобилноста (обуките) во Мадрид, Шпанија.

Целта на училиштето е со ваквите проекти да го подобри квалитетот на наставата како и унапредување и модернизирање на образованиот процес и доближување до глобалните трендови на квалитетно образование.

  Категории: