Во салата „Македонски Бранители“ во Берово, денес се одржа првиот мастерс турнир во пинг понг за младинци до 12 години, на кој членовите од ППК Зегин од Берово постигнаа високи резуултати.
Како што рече тренерот на пинпонгарскиот клуб од Берово, ова е поединечно првенство за репрезентацијата на Македонија, каде учествуваа кадети од повеќе градови на државата.
Ова е првиот од низата на мастерс турнири кои ги организира пинпонгарската федерација на Македонија, а во следниот период следуваат уште неколку турнири за кадети од сите категории, каде што оние кои ќе покажат најдобри резултати, ќе се натпреваруваат за државната репрезентација – рече Златко Рикаловски потпретседател на пинпонгарската федерација на Македонија.
На овој прв турнир, младинците од нашиот пинпонгарски клуб од Берово, се закитија со златни, сребрени и бронзени медали, додека финалето во машка конкуренција беше помеѓу двајца кадети од ППК Зегин, со што се потврдува успешноста, квалитетот и доминацијата на младинците од нашиот градски клуб во оваа категорија.
Веќе следната сабота исто така во Берово ќе се одржи и вториот државен турнир во пинг понг за кадети до 15 години.