ТППЕ Берово изведе вежба ,,Симулација на пожар на отворен простор” на Беровско Езеро

ТППЕ Берово изведе вежба ,,Симулација на пожар на отворен простор” на Беровско Езеро
април 28 14:13 2023

Во рамките на Програмата за работа на ТППЕ Берово, денеска е изведена вежба ,,Симулација на шумски пожар и пожар на отворен простор” во туристичката наслеба Беровско Езеро.

Користени се 2 противпожарни возила, од кои едното со вградена пумпа и едно со преносна пумпа.

Во вежбата учествуваа сите вработени во Територијалната противпожарна единица во Берово.

Според планот за работа, предвидена беше вежба за  симулација на пожар, за да можеме поорганизирано да делуваме  во случај на ваква појава, а истовремено и ние да ги преземеме сите потребните чекори- истакна ВД Командирот на ТППЕ, Сашко Руменовски.

  Категории: