Денес по иницијатива и во организација на приватни граѓани од Русиново, со нивна приватна механизација спроведена е акција на санација и одржување на патот до Русиново, потегот „Ѓердови воденици – Русиново“. Тој дел на патот е исчистен и пополнети длабинките кои се појавуваат со негова амортизација.
-Оддавам респект на граѓаните кои си го сакаат своето село и својата енергија решаваат да ја искористат во позитивни акции и иницијативи кои кои секогаш треба да произлегуваат од заедницата за заедницата. Вакви акции помагаат и во насочување на енергијата во креирање и на други позитивни иницијативи од кои бенефит имаат сите граѓани.Респект за дечките и апелирам во иднина да иницираме нови и нови вакви акции. Општина Берово секогаш ќе поддржи и ќе учествува во се што има за цел подобрување на квалитетот на животот на своите граѓани – истакна градоначалникот на Берово Звонко Пекевски.