По повод 20 Мај, Денот на македонските пожарникари, Територијалната противпожарна единица – Берово, изведе тактичко-показна вежба во затворена просторија, со симулација на гаснење на пожар во објект пелетара, како и показна обука на вработените за користење на против пожарни апарати.Командирот на ТТПЕ-Берово, Сашко Руменовски им го честиташе Денот на сите пожарникари истакнувајќи дека оваа година против пожарната единица во Берово, може да се пофали со обезбедени униформи за шумски пожари и урбана средина за сите пожарникари, со набавено едно ново возило за гаснење на пожар, а во тек е постапка за набавка на уште едно возило со модул за гаснење на шумски пожари и модул за чистење на снежни наноси.
-Денес е 20 Мај Ден на пожарникарите, па по тој повод ТППЕ Берово организираше тактичко-показна вежба гасење на пожар во затворен простор, каде беше симулирано гасење на пожар во објект пелетара, при што едно од лицата кое што работи во објектот беше здобиено со повреди и со вдишување на чад.При претрага на просториите од страна на пожарникарите, лицето беше пронајдено и истото безбедно евакуирано.На вработените им покажавме како се работи со против пожарни апарати и кои се можните причини на запалување во овој објект.Вежбата беше успешно изведена, во присуство и претставници на Дирекцијата на заштита и спасување и уште еднаш им го честитам овој дена на сите пожарникари во Македонија. ТППЕ Берово може да се пофали со обезбедени униформи за шумски пожари и урбана средина за сите пожарникари, исто така беше набавено едно ново возило, а во постапка сме за набавка на уште едно возило кое што ќе има повеќе модули односно ќе биде наменето за шумски пожари и ќе има модул за чистење на снежни наноси – рече Сашко Руменовски командир на ТППЕ-Берово.
Градоначалникот Пекевски, честитајќи им го празникот на пожарникарите упати искрени желби за унапредување на нивната работа и спречување на големи катастрофи каде минатата година се покажа дека само со многу пожртвуваност и храброст и големи заложби, големите катастрофи можат да бидат спречени.
-Нека е честит Денот на пожарникарите, 20-ти мај, со искрени желби за унапредување на вашата работа и спречување на големи катастрофи.Минатата година покажа дека само со многу пожртвуваност и храброст и големи заложби, големите катастрофи можат да бидат спречени.Пожарникарите често пати се на предизвикот на ризик на сопствениот живот, во борбата да се спаси друг човечки живот, или имот и за тоа, бескрајно сме им благодарни.На сите пожарникари, Ви посакувам многу успех во извршувањето на вашата благородна работа и се надевам дека соработката, секогаш ќе резултира со големи работни успеси, кои се во полза на граѓаните на општина Берово – рече градоначалникот Пекевски во својата честитка.
Инаку Територијалната противпожарна единица од Берово брои вкупно 16 пожарникари и според Законот за пожарникарство, дејствува на територииите на соседните општини Берово и Пехчево. Располага со вкупно 5 противпожарни возила и секојдневно работи на усовршување на својата работа.
Во продолжение видео однастанот: