СЕ ОРГАНИЗИРА ТРКА ОД 10 КИЛОМЕТРИ БЕРОВО – ПЕХЧЕВО

СЕ ОРГАНИЗИРА ТРКА ОД 10 КИЛОМЕТРИ БЕРОВО – ПЕХЧЕВО
јуни 21 17:06 2022

По иницијатива на Алексеј Крушарски и Андреј Митровски од Пехчево, во соработка со општините Берово и Пехчево, се организира трка со старт од Берово и цел во Пехчево.Трката како што додадоа од двете малешевски општини ќе биде во должина од 10 километри, а иницијативата покрената од љубениците на спортот има за цел да ги поттикне младите да се занимаваат со спорт и трката да прерасне во традиција и туристичка атракција во Малешевијата.

-Иницијативниот одбор за организирање и одржување на оваа трка, има желба оваа активност да прерасне во традиција и да продолжи да се одржува секоја година, да биде една туристичка атракција за двете општини и дополнителна причина да се посетат општините Берово и Пехчево – се вели во соопштението.

Трката ќе се одржи на 17.07.2022 година (недела) од 9 часот, со старт од плоштадот “Димитар Беровски” во Берово, а крајната цел е на плоштадот “Св.Петар и Павле” во Пехчево, каде ќе бидат доделени финишери, медали за сите и дипломи за освоено прво, второ и трето место.

Овој настан е поддржан од двете општини Берово и Пехчево.

Во продолжение на следниот линк детали и пријавување на трката:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfEaU6VEzCTn-N-_URAHUt74qZ6MxSev0Cw0PEdIZ61bhs4Jg/viewform

  Категории: