Најмалку десет депонии со ѓубре се наоѓаат во селото Црник, од кои најкритично е на реката која поминува низ центарот на селото велат жителите.
-Целото село е претрупано со ѓубре, а најмалку 10 депонии се распространети во селото.Општина Пехчево и ЈП Комуналец веќе неколку месеци не доаѓаат во селото да го собираат ѓубрето, поради непотпишани договори за изнесување на сметот за што ние сме спремни да потпишеме и го решиме овој проблем.Контењерите се преполнети па затоа жителите мораат да се снаоѓаат како можат и умеат.Најкритично е на реката која е претрупана со ѓубре во должина од 3 километри, насекаде смрди ќе фатиме некоја болест, а тоа е јавен простор за кој е задолжена општината да го уреди – вели жител на селото Црник.
За таа цел жителите утре (Недела) организираат еколошка акција за чистење на Црничка река, па зато се повикуваат сите селани да се вклучат во акцијата, кој со механизација или рачно чистење за барем малку да се среди овој хаос.