РОМСКАТА КУЛТУРА ПРЕТСТАВЕНА НА РАБОТИЛНИЦА ПРЕД УЧЕНИЦИТЕ ВО ООУ “ВАНЧО ПРКЕ” ВО ДЕЛЧЕВО

РОМСКАТА КУЛТУРА ПРЕТСТАВЕНА НА РАБОТИЛНИЦА ПРЕД УЧЕНИЦИТЕ ВО ООУ “ВАНЧО ПРКЕ” ВО ДЕЛЧЕВО
октомври 28 10:28 2021

Во рамките на проектот ,,Редовно на часови – Акција за вклучување на Ромите во основното образование во деветолетката ,,Ванчо Прке” се одржа работилница на тема: ,,Да играме пееме и се смееме”.

-Ромите и Македонците имаат нешто повеќе од своето потекло, затоа што заедно имаме долга историја на заеднички соживот и постоење. Делчево треба да се гордее со долгогодишното живеење и негување на овие традиции и фолклорни одбележја и со што заедно ги негуваме благодетите на нашата голема ризница од фолклорни обичаи. Делчево е град на сите граѓани без разлика на нивната национална или верска припадност.

Денешната активност во нашето училиште е планирана во рамките на проектот:Редовно на часови : Акција за вклучување на Ромите во основното.
Нашите ученици од прво до трето одделение и со учество на наши ученици од музичката секција од VI до IX одделение, низ песна и игра се запознаа со фолклорните одбележја , народните носии и традиции на македонската и ромската етничка заедница. Работилницата насловена како „Да играме, пееме и свириме“, беше една интегрирана содржина од наставните предмети по македонски јазик , музичко и ликовно образование и дел од слободните ученички активности како еден мултимедијален пристап, со презентации на делови од носии од ромската етничка заедница и од народни носии од нашиот Пијанечко- Малешевски крај, како автентични носии за македонскиот етникум, истакнаа од ООУ ,,Ванчо Прке”.

Културното наследство како што додадоа е главно прашање за секоја етничка група и со полно право, децата треба да го негуваат својот идентитет и преку културата и народните традиции да живеат и развиваат заедништво, љубов, почит преку разни веселби, по разни поводи преку песни и ора, да се почитуваат.

-На работилницата ја имавме таа чест да го поканиме нашиот долгогодишен самостоен уметник за фолклорни претстави Зенил Реџепов и координатор како и кореграф на КУД „Гоце Делчев“, од Делчево, кој на многу креативен, поттикнувачки и спонтан пристап им се обрати на нашите ученици и силно ги мотивира да ја доживеат убавината на македонската и ромската народна песна и везот и карактеристичната креација на македонските и ромските народни носии. Заедно со најмалите ученици на кои им се придружија и учениците од музичката секција кои преку своите музички инструменти и изведби на народни песни ги претставија двата етникуми, додадоа од ООУ ,,Ванчо Прке”.

Дополнија дека огромно било задоволството од соработката со родителите кои ги удостоиле со нивното присуство и нивните креативни везови кои ги изработиле за училишното ѕидно катче и со тоа ја разубавиле новата мулти-едукативна библиотека со нивните рачно сошиени и изработени детски народни носии.

-Оваа мултинаменска библиотека и добиените реквизити , мебел и дидактички нагледни средства се донација од проектот Редовно на часови: Акција за вклучување на Ромите во основното образование и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор “ наменети за учениците од одделенска настава, како нивно катче за забава, дружење и реализација на многу едукативни работилници, додадоа од делчевската деветолетка.

Вакви работилници како што напоменаа ќе се реализираат и во наредните месеци до декември, со можност и понатаму учениците да бидат активни реализацијата на голем број други наставни активности и содржини во наставниот процес , кои ќе ги поттикнуваат учениците да творат по разни теми.

  Категории: