РЕФРЕШ КАФЕ

РЕФРЕШ КАФЕ
мај 09 17:30 2018

Рефреш кафе е вашата дестинација во градот, каде можете најудобно да се чувствувате од сите други кафичи во Берово, а причина за тоа е добриот амбиент, квалитетната послуга и ведрите лица на сите присутни што резултира со најпосетен и најуреден кафич во градот.Топ место за вашата утрински доза на кофеин каде било кој од нашата послуга со задоволство ќе го сервира вашиот омилен еспресо пијалок.Дневните понуди во Рефреш вклучуваат дневна шема со најразлична музичка приказна каде секој сака да биде присутен додека за ноќните забави можете да дојдете и да се забавувате на свирките во живо на нашите познати бендови и огромниот репертоар на ДЏ- ите.Нашата визија за Рефреш е да создадеме заеднички простор каде што соседите, семејството и пријателите можат да се соберат, да се дружат, да работат и да играат.Токму овде можете да се релаксирате да видите секого и секој да ве види бидејки атрактивната локација во строгиот центар на градот го прави своето.Дојдете, освежете се, забавувајте се……Тоа е нашето ветување за Вас.

 

Локација: Градски плоштад

 

  Категории: