РЕГИСТРИРАН СЛАБ ЗЕМЈОТРЕС УТРОВО ВО ПЕХЧЕВО

РЕГИСТРИРАН СЛАБ ЗЕМЈОТРЕС УТРОВО ВО ПЕХЧЕВО
април 25 12:25 2022

Земјотрес со сила од 2,8 степени по Рихтер е регистриран утрово во 6.36 часот на 115 километри од Скопје, а е почувствуван од жителите на пехчевскиот, беровскиот и  делчевскиот крај.

Земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда ML 2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна. Регистриран е од телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и во Пехчево.

  Категории: