Рашковска ги посочи клучните проекти од програмата кои се гарантирани за селото, како што се асфалтирање и рехабилитирање на повеќе улици бидејќи има потреба од тоа и осветлување на истите, изградба на канализациона мрежа секаде каде што нема, како и справување со дивете депонии, уредување на полските патишта и уште многу други.
На крајот Рашковска им порача на жителите на Митрашинци да излезат и да ја опоменат сегашната власт, гласајќи за бројот 7 на престојните локални избори, за новата иднина на Митрашинци.
-Затоа на 17 Октомври, да им покажеме дека не ги поддржуваме, да им покажеме дека ги опоменуваме.Излезете масовно и дајте поддршка за број 7, поддршка за новата иднина на бастионот Митрашинци – рече Елеонора Рашковска.