РАСТЕ БРОЈОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА ВИРУСОТ ВО БЕРОВО.РЕГИСТРИРАНИ 23 СЛУЧАИ.

РАСТЕ БРОЈОТ НА  НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА ВИРУСОТ ВО БЕРОВО.РЕГИСТРИРАНИ 23 СЛУЧАИ.
ноември 22 23:26 2020

Рекордни 23 ново заразени со корона вирусот се регистрирани во Берово,информира Министерството за здравство,со што вкупната бројка на активни случаи во нашиот град се искачи на вкупно 101 лице.

Во продолжение проследете го дневниот извештај на МЗ.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-321, Куманово-69,  Дебар-10, Штип-38, Прилеп-77, Тетово-79, Струга-44, Велес-44, Битола-65, Охрид-36, Кавадарци-26, Гостивар-60, Гевгелија-19, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Крушево-3, Кочани-44, Пробиштип-6, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-23,  Валандово-12, Виница-11, Делчево-13, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-12, Ресен-16, Неготино-22.  

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 709 оздравени пациенти од: Скопје-290, Куманово-30, Штип-31, Прилеп-62, Тетово-52, Струга-17, Велес-29, Битола-20, Охрид-57, Кавадарци-15, Гостивар-11, Гевгелија-6,  Струмица-14, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-18, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Берово-3, Валандово-3, Кратово-4, Свети Николе-2, Кичево-10, Ресен-5, Неготино-8.

Починати се 24 лица, четири пациенти од Скопје (76, 62, 67 и 70г), еден од Куманово (64г), еден од Штип (87г), тројца од Прилеп (69, 45 и 79г), двајца од Тетово (41 и 65г), двајца од Велес (81 и 61г), пет пациенти од Битола (70, 91, 48, 60 и 73г), еден од Охрид (89г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Крушево (60г), еден од Кочани (41г), еден од Македонски Брод (40г) и еден пациент од Виница (66г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 54743, бројката на оздравени пациенти е 32366, на починати е 1511, а бројот на активни случаи изнесува 20866.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 23935, активни 9883

• Куманово 3427, активни 961

• Дебар 431, активни 96

• Штип 2419, активни 537

• Прилеп 2598, активни 1010

• Тетово 3526, активни 1004

• Струга 1283, активни 419

• Велес 1739, активни 784

• Битола 1703, активни 849

• Охрид 1398, активни 590

• Кавадарци 1056, активни 452

• Гостивар 2107, активни 759

• Гевгелија 657, активни 231 (48 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 118 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1550, активни 613

• Крива Паланка 388, активни 127

• Радовиш 387, активни 127

• Крушево 110, активни 70

• Кочани 1155, активни 333

• Пробиштип 319, активни 77

• Демир Хисар 173, активни 75

• Македонски Брод 145, активни 33

• Пехчево 95, активни 24

• Берово 334, активни 101

• Валандово 189, активни 73

• Виница 344, активни 181

• Делчево 393, активни 177 (105 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 144, активни 76

• Свети Николе 741, активни 233

• Кичево 1126, активни 517

• Ресен 402, активни 165

• Неготино 469, активни 289 (46 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

  Категории: