Распишан конкурсот за пријавување на кандидати за спроведување на попис на населението, домаќинствата и становите во РСМ, во 2021 година.

Распишан конкурсот за пријавување на кандидати за спроведување на попис на населението, домаќинствата и становите во РСМ, во 2021 година.
февруари 24 12:54 2021

Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика, објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 01-21.04.2021 година во својство на:

  • Реонски попишувачи и
  • Реонски инструктори

ПРЕВЗЕМИ КОНКУРС

Кандидатите, својата намера да учествуваат во Пописот ја изразуваат исклучиво преку пополнување и доставување на електронска пријава, која е достапна на ВЕБ страницата на Државниот завод за статистика

ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВА

во периодот од 23.02.-28.02.2021 година.:

Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. Даме Груев бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна 01.03.2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.

  Категории: