Преку проект на УСАИД , кон поголема ефикасност во извршувањето на Буџетот и поголема фискална транспарентност

Преку проект на УСАИД , кон поголема ефикасност во извршувањето на Буџетот и поголема фискална транспарентност
август 19 16:20 2022

Со потпишување на Меморандумот за соработка во април 2022, Општина Берово воспостави партнерство со Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, со што ја изрази својата посветеност кон унапредување на капацитетот на општината и администрацијата во следните  области:

  1. управување со општински јавни финансии
  2. планирање и извршување на буџетот
  3. фискална транспарентност и отчетност
  4. планирање и прибирање на приходи од сопствени извори
  5. пристап до надворешно финансирање
  6. овозможувачка средина за вклучување на приватниот сектор

За таа цел, Општина Берово со поддршка на Проектот на УСАИД, за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите направи анализа и само-оценка на општинските капацитети, и воедно идентификуваше каква техничката помош е потребна на општината, за да се унапреди во извршување на своите надлежности.

Просечниот целокупен капацитет на Општина Берово за извршување на горенаведените  области, изнесува 2.27, на скала од 1 до 3, на која 1 е за Основно ниво на капацитет,  2 за Умерено ниво на капацитет  и 3 за Високо ниво на капацитет. Целосните резултати од алатката за само-оценка на Општина Берово може да се превземе на следниот ЛИНК .

Согласно само-оценката и идентификуваните потреби, Општина Берово во партнерство со Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите изработи, во наредниот 18 месечен период интензивно ќе работи на унапредување на своите перформанси со цел да овозможи:

  • зголемени приходи од сопствени извори
  • остварени поголеми приходи од надворешно финансирање
  • поголема ефикасност во извршувањето на буџетот
  • вклучување на приватниот сектор во локалниот економски развој

Главната цел на Проектот на УСАИД, за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, е мерливо зголемување на сопствените извори за финансирање, како и надворешно финансирање на локалната самоуправа и зголемување, на нивото на реализирање на Буџетот, во согласност со барањата за буџетирање и известување на Владата на Република Северна Македонија.  За да ја оствари својата цел Проектот на УСАИД, за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, соработува со Владата на Република Северна Македонија и единиците на локалната самоуправа.

  Категории: