ПРЕКУ ДОБИЕНА СУДСКА ПОСТАПКА НА ГРАЃАНИН ПРОТИВ ОПШТИНА БЕРОВО, ЌЕ СЕ ПРАВИ КРАКОТ НА УЛИЦАТА МИРЧЕ АЦЕВ

ПРЕКУ ДОБИЕНА СУДСКА ПОСТАПКА НА ГРАЃАНИН ПРОТИВ ОПШТИНА БЕРОВО, ЌЕ СЕ ПРАВИ КРАКОТ НА УЛИЦАТА МИРЧЕ АЦЕВ
март 28 04:47 2024

Ова е центарот на Берово поточно чаршијата, која го краси нашиот град, убаво уредена и препознатлива меѓу туристите кои го посетуваат Берово. Секојдневно од овде голем број граѓани поминуваат, прошетуваат, одмараат на поставените клупи за седење и разговараат едни помеѓу други.

Но, ни побуди интерес каркот на улицата „Мирче Ацев“ која е спроти чаршијата во Берово во строгиот центар на градот, неуредена e и никогаш не добила асфалт. Овој крак инаку поврзува две улици во центарот на Берово и сеуште граѓаните кои живеат овде, многу години се движат по вирови и кал после секој дожд.

Граѓанин од Берово, кој поседува имот на кракот од улицата „Мирче Ацев“ која се наоѓа во централното градско подрачје во Берово, ја тужел општината, го добил предметот и преку извршно решение, општина Берово е задолжена да ја направи улицата.

Ова улица, која се наоѓа спроти чаршијата во Берово, никогаш не добила асфалт. Деновиве порталот Малеш Нет, побара одговор за оваа улица која паѓа во очи на секој кој поминува од овде, од градоначалникот Звонко Пекевски, кој истакна дека веќе е избран и изведувач на работите, а за изградба на улицата ќе бидат потрошени 1.600.000 денари.

-Преку судска постапка која се водеше против општина Берово, сме задолжени со извршно решение улицата да биде направена. Од наша страна после добивањето на извршното решение и рокот кој беше утврден, е отпочната постапка за набавка, а во моментот додека разговараме со вас, можам да соопштам дека е избран изведувач на работите. Вкупната инвестиција ќе чини некаде околу 1.600.000 денари и ќе биде поставен нов асфалт, така да и тој горлив годишен комунален проблем, врз основа на таа судска пресуда и извршно решение, од наш граѓанин кој има таму свој имот, веќе во постапка сме на експропријација на дел од имотот, тој истиот е платен. Со некои сме во постапка да донесеме решени за експропријација, сме во фаза на доуредување на имотно правните односи со неколку сопственици на имот и се надевам во престојниот период и во зависност од решавањето на овие имотно-правни односи, негде до првата половина на оваа година или до крајот на месец мај, ако се решат сите спорови, да улицата биде изградена и конечно овој дел ќе добие соодветна патна инфраструктура – рече градоначалникот Пекевски.

Во продолжение одговорот на градоначалникот Пекевски за нашето поставено прашање за оваа улица:

  Категории: