ППК „ЗЕГИН“ ОД БЕРОВО СО ТРИ МЕДАЛИ ЗА НАЈДОБРИ ИГРАЧИ ВО ПИНГ ПОНГ ВО ГОДИНЕШНАТА НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА

ППК „ЗЕГИН“ ОД БЕРОВО СО ТРИ МЕДАЛИ ЗА НАЈДОБРИ ИГРАЧИ ВО ПИНГ ПОНГ ВО ГОДИНЕШНАТА НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА
јуни 04 03:55 2022

Берово веќе неколку дена е домаќин на пинг понг капмп, каде најдобрите млади репрезантативци, се подготвуваат за престојните регионални, европски и светски шампионати.Во рамки на подготвителниот камп, денес со свечен ручек од страна на претседателот на пингпонгарската федерација на Македонија, беа доделени пехари за најуспешните млади играчи во изминатата сезона, каде нашиот пин понг клуб „Зегин“ се закити со три пехари за најдобри поединци кои постигнаа одлични резултати во првенството.

-Пингпонгарската федерација на Македонија е чест гостин во Берово, во смисла на организирање на поголем број на настани, кои со добра цел се дадени на организацијата во Берово.Овде го имаме најбрзо растечкиот клуб ППК„Зегин“ од Берово, клуб со добра инфраструктура и организација којшто ја добива поддршката од општинските власти, а посебно од реномираната компанија Зегин и господинот Благој Механџиски.Тука ги имаме како федерација сите неопходни услови за да организираме секаков вид настани, а денеска сме тука во посета на репрезентативен камп, каде што најдобрите млади репрезентативци, тренираат и се спремаат за престојните регионални, европски и светски шампионати.По избор на селекторот, најдобрите репрезентативци се тука со неколку отсутни поради школската сезона и со присуство на повеќе талентирани деца кои ќе бидат иднината на пинг понгот.Денес имавме тука во Берово настан на доделување на медали и пехари на најдобрите учесници на националниот систем на натпревари, на топ 8 натпреварите во младинските категории, па ја искористивме оваа прилика на еден начин со дружба да им ги доделиме наградите од кои три добија пингпонгарите од Берово – рече Горан Тиловски претседател на ППФМ.

Селекторот на пинг понг федерацијата на Македонија, со најубави впечатоци и пофалби за беровскиот пинг понг клуб, ги пофали талентите и натпреварувачите од Берово, посочувајќи дека младите звучни имиња од нашиот клуб, постигнале голем успех за многу краток период.

-Јас како селектор можам да кажам дека во сите младински категории, беровскиот клуб е најдобар.Почнувајќи на најмалата категорија до 12 години, во женска конкуренција, Моника Стајковска, ги освојува сите пехари и е веќе репрезентативка.Надобар во машка конкуренција пак до 12 години е Кристијан Каламадевски, кој буквално е неприкосновен во неговата категорија и се надевам дека неговиот талент ќе освојува мнгу први места.Кога се работи за категорија кадети и кадетки, убедливо е најдобра Изабела Ковачовска за многу кратко време ги помина сите категории и почна да доминира – рече Сашо Богатинов селектор на ППФМ.

На заедничката дружба присуствуваше и сопственикот на компанијата „Зегин“ кој дава огромна поддршка на пинг понг клубот во Берово.Истакна дека е гордост што огромниот потенцијал, кои го имаат овие младинци и постигнатите резултати, се препознаени од компанијата и им се заблагодари на сите тренери и учесници со честитки за поголеми успеси и поддршка во овој спорт.

Претходно учесниците млади репрезенентативци на кампот, го посетија прекрасниот комплекс „Аурора Ресорт Спа“, а на 1600 надморска височина имаа можност во комплекост Клепало да ги вкусат малешевските јадења, со поглед на убавата беровска природа.

Во продолжение видео од настанот:

  Категории: