На 68 првачиња, кои годинава ќе го започнат своето школување во беровските училишта, денеска им се исплатени по 5.000,00 денари, како поддршка од локалната самоуправа за купување на школски прибор, и други потребни работи за почетокот на учебната година.
Општина Берово ја реализира ова мерка, како дел од Програмата за социјална заштита за 2022 година, при што секое прваче и за секој ученик во прва година средно образование, годинава ќе добијат по 5.000, 00 денари.
На почетокот на учебната година, секогаш трошоците на родителите се големи и од тие причини одлучивме континуирано средствата да ги зголемуваме.
-Се надевам дека овие средства ќе бидат добредојдени во престојниот период и ќе бидат искористиени првачињата да добијат се што им е потребно и да бидат среќни.Општина Берово секогаш ќе се залага за подобрување на условите за учење за учениците и ќе направиме се што е во наша надлежност за подобри услови за настава – напиша градоначалникот Звонко Пекевски.
За реализација на оваа активност, Преку програмата за социјална заштита, од Буџетот на општина Берово за 2022 година, исплатени се вкупно 340.000,00 денари.