ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА 4 ЛАМЕЛА ВО ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ” Д-Р ИВАН ВЛАШКИ” ВО БЕРОВО

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА 4 ЛАМЕЛА ВО ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ” Д-Р ИВАН ВЛАШКИ” ВО БЕРОВО
декември 15 13:08 2022

Денеска е потпишан договорот за реконструкција на 4 ламела во ОЈУСЗСЛ ,,д-р. Иван Влашки”, 2 и 3 фаза, што го заокружува процесот на реконструкција и адаптација на 4 ламела  и обезбедува место, за 28 нови корисници на услугата институционална нега и грижа на стари лица, од источниот регион.

Инвестицискиот проект е со дигитална компонента од Грантовата шема на проектот ,,Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој “, кој што се спроведувка како дел  од развојните цели на Центарот за развој на источниот плански регион и обезбедува:

– дополнителни 28 места за сместување на стари лица од регионот, доградба на помошна просторија (котлара),  како и хортикултурно уредување на просторот околу објектот;

–  Подобрено сместување и грижа за стари лица во регионот;

– Подобрена покриеност со установи и услуги за социјална заштита во регионoт;

– Дигитализацијата за подобрување на квалитетот на социјалните услуги кои се нудат;

-институционална грижа за стари и изнемоштени лица, како и прилагодување кон новите предлог законски мерки, за заштита на стари лица од регионот.

Со обезбедување на средства за проширување на капацитетот за корисниците во Домот за стари лица ,,др.Иван Влашки”, покажуваме дека,  општина Берово  со поддршката и соработката од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC , Министерство за локална самоуправа и Центарот за развој на источно плански регион , се грижи  за најстарите, со градење на дополнителни капацитети на старечките домови, кои што ќе ги користат постарите генерации од источкниот регион. Исто така  овој проект претставува добар пример, дека преку поддршка на старите лица, ние подржуваме создавање на „заедница која се грижи за сите“ -порача градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

Вкупната вредност на проектот е 21.947.268.00 денари, од кои 11.015.000,00 се средства обезбедени од Министерството за локална самоуправа, 8.949.000,00 се средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој  и соработка SDC а Општина Берово ќе учествува со средства од сопствениот Буџет, во вкупен износ од 1.983.268,00.

  Категории: