ПОЛУФИНАЛЕТО НА РСИ ЈА КРЕНА БЕРОВСКАТА ПУБЛИКАТА НА НОЗЕ

ПОЛУФИНАЛЕТО НА РСИ ЈА КРЕНА БЕРОВСКАТА ПУБЛИКАТА НА НОЗЕ
март 16 23:35 2023

Двата полуфинални натпревари, кои вечерва се одиграа во рамките на Работничките спортски игри во мал фудбал, ја кренаа преполната сала „Македонски бранители“ во Берово на нозе. Најпрвин натпреварот кој се одигра од 18 часот помеѓу екипите на Фагус и АРМ, покажа цврста и изедначена игра на двата тима, каде после двете полувремиња резултатот беше изедначен со по еден постигнат гол на двете страни. Победникот беше решен во шутирање на пенали, а поуспешно се снајде екипата на АРМ која се пласираше во финалето.

Исто така вториот натпревар помеѓу екипите на Образование и Труд и социјала и Суд, понуди возбудлива игра и многу шанси за голови, сепак првото полувреме заврши со резултат 1:1. Почетокот на второто полувреме го крунисаа фудбалерите на Образование кои постигнаа брз гол и најавија озбилната битка за победа, која со неколку прекрасни голови на крајот им припадна заслужено со конечен резултат 4:1, со што се пласираа во големото финале кое се игра во понеделник.

Големото финале на РСИ 2023 кои ги организира Општина Берово, ќе се одигра во Понеделник на 20.03.2023, со почеток од 18 часот, а во него ќе се сретнат екипте на АРМ и Образование, а исто така за третото место ќе се натпреваруваат екипите на Труд и социјала и Суд и Фагус.

Оваа вечер како што најавивме и пред почетокот на полуфиналето, беше организирана хуманитарна акција на двата влеза во салата, каде во соработка со Црвениот крст, се собираа парични средства за помош на самохрана мајка со три дечиња од селото Митрашинци.

Резултати од полуфиналните натпревари:

Фагус – АРМ 1:1 (победа на пенали АРМ )

Труд и социјала и Суд – Образование 4:1

Галерија на следниот линк:

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMaleshnet.mk%2Fposts%2Fpfbid02D3JD1cuDj1aEqTdNA5nKe8YNnik1Efj4YjRd9KC9tbmhpW8BfGut5yXeGZWzP5E7l&show_text=true&width=500

  Категории: