ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА
октомври 27 14:27 2022

Ги покануваме, сите заинтересирани граѓани на Општина Берово,   да учествуваат на буџетски форум кој се спроведува од општина Берово.

На форумските сесии присутните преку своето учество ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Берово за тековната 2022, но и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната 2023 година. Воедно присутните ќе имаат можност да предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни програми и проекти од буџетот, ќе се влезат за реализација во програмите и Буџетот на Општина Берово за 2023 година, за подобар развој на општината.

Втората форумска сесија ќе се одржи на 28 октомври 2022 година (Петок) со почеток во 13:00 часот во просториите на големата сала на општина Берово.

Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците  на  институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе биде од особено значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на буџетот на општина Берово.

Општина Берово

Градоначалник Звонко Пекевски

  Категории: