Покана за состанок со жителите од улицата ,,Борис Кидрич” во Берово.

Покана за состанок со жителите од улицата ,,Борис Кидрич” во Берово.
март 03 16:14 2023

Минатата година, преку средства од Бирото за регионален развој и Владата на РСМ, реконструирани се јавните површини (тротоари) на ул.,,Борис Кидрич” во Берово.

Согласно  Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возачот, односно сопственикот на возилото,  не смее да запре или паркира возило особено на тротоар, односно пешачка патека, ако тоа не е изречно регулирано со сообраќаен знак.

Во интерес на јавно добро и зачувување на јавните површини, а со цел заедничко координирано делување, ги покануваме жителите од ул. ,,Борис Кидрич” на состанок,  во Салата за Совет на Општина Берово, на ден 06.03.2023 година (понеделник), со почеток во 15:00 часот, како би можеле да се договориме како во иднина ќе се користат новоуредените тротоарски површини.

  Категории: