ПОВТОРНО АКТУЕЛЕН ПРОБЛЕМОТ СО КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ ВО БЕРОВО.

ПОВТОРНО АКТУЕЛЕН ПРОБЛЕМОТ СО КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ ВО БЕРОВО.
ноември 13 01:33 2020

Граѓаните на повеќе локации во Берово, се жалат на големиот број кучиња скитници, кои слободно се шетаат и влеваат страв меѓу населението.

Најлоша е ситуацијата во населбата кај Филтер станицата во градот, каде кучињата скитници нападнале  добиток, а пред неколку месеци тука се појавило хранилиште,односно локација, каде активисти од здружението за заштита на животните Про Анима од Берово, сместуваат и  хранат  улични кучиња од градот велат граѓаните. Се пожалија дека се принудени од дома да излегуваат со стапови и упатија апел до надлежните институци што поскоро да се реши проблемот.

Здружението за заштита на животните Про Анима од Берово, излегоа со соопштение во кое целосно ги демантираат обвинувањата од граѓаните за сместување и донесување на уличните кучиња на посочената локација.Во него се вели:

Исто така и во централното градско подрачје,  граѓаните  реагираат  на  зголемениот  број на кучиња скитници, кои нечесто напаѓаат, влегуваат по дворови и превртуваат канти за отпадоци, па поради опасност да не бидат каснати поднеле петиција до Општината  за итно дејствување и справување со уличните кучиња.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски пак, истакна дека Општината ги превзема сите надлежности кои ги имаат и дека инспекциските служби секојдневно се на терен.

Најголемиот проблем со кучињата скитници додаде Пекевски, е неодговорното сопствеништво, додека во моментот тече акција за стерилизација на 30 регистрирани кучиња женки, кои целосно ќе бидат финансирани од општинскиот буџет.

И во соседната општина Пехчево, ситуацијата со уличните кучиња не е поразлична.И таму граѓаните се соочуваат со голем број на кучиња скитници.

И покрај издвојувањето на средства од буџетот на двете Малешевски општини за заловување и  хуман третман на кучињата, ефектите се минимални, па граѓаните и здружението за заштита на животните Про Анима, бараат поголема ажурност и одговорност на општинските власти  за изнаоѓање решение за долгогодишниот проблем со уличните кучиња. Инаку претходните неколку години, Малешевци  беа сведоци на масовни труења на кучиња во Берово, кои во последно време не се толку зачестени.           

  Категории: