Планинарски и велосипедски патеки

Планинарски и велосипедски патеки

Малешевските планини се наоѓаат на најисочниот дел од Република Македонија. Границата со Република Бугарија се протега по сртот на планинскиот масив. Сртот е долг околу 32 километра. Највисоката точка е врвот Кадиица, 1932 метри. Сите врвови од Малешевскиот масив се лоцирани западно од Берово, на растојание не поголемо од 20 км. На територијата на Малешево се наоѓаат повеќе од 100 природни извори. Беровското езеро има многу значајна хидографско – туристичка функција, изградено 1970 година, во месноста Линакот. Езерото е оддалечено само 5 км од Берово, долго е 2,5 км, а просечната широчина е 0,5 км. Се наоѓа на надморска височина од 986 м, а површината му е 0,75 квадратни км.


МАПИ НА ПЕШАЧКИ И ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ


ПАТЕКА 1

Трансверзална патека која ги поврзува најјужниот и најсеверниот дел на Малешевијата се протега од Преведено (1200 мнв) до врвот Кадиица (1932 мнв), вкупната должина 45 км, на искачување на висинска разлика од 730 м. Време на минување 12 часа. Заради должината и трансверзалниот карактер на патеката препорачливо е користење на локални водачи. Место за одмор во с. Двориште, Бачила во близина на Караула Дивина, мотелот кај симнувањето на Клепалска река, во близина на симнувањето кај Равна река. Преведена (1200 нмв) алтернативно искачување од Палазлија (струмички дел): – искачување до врвот Огражден (1746 мнв), разлика 550 м, 3-4 часа симнување до с. Двориште (920 нмв), висинаска разлика од 860 м, симнување за 2 часа и 30 минути, – искачување до врвот Бабин Чукар (1406 нмв), разлика 480 м, време на минување 1,5-2 часа. Симнување 200м до Заманичка река и качување до караула Дивна (1366 нмв), благо симнување до Клепалска река и постепено искачување преку м.в Дабевец, Чемериков преслап, Равна река, Побиен камен, Ченгино Кале – најисточната точка на Р.Македонија (1748 нмв) од каде пограничната линија со Р.Бугарија се движи со незначителни осцилации до највисокиот врв Кадиица (1932 нмв).

ПАТЕКА 2

Се протега од Беровско езеро (1000 мнв), преку Бабин Чукар (1403 мнв) и село Ратево (920 мнв) до крајната дестинација Берово (840 мнв). Вкупна должина 21,5 км. Време на минување 6-7 часа. Патеката минува преку повеќе бачила препорачлива е придружба од локални водачи. Места за одмор Беровско езеро, бачила во близина на Бабин Чукар, с. Ратево и Берово. Најголема висинска разлика на качување е 400 мнв со незначителни осцилации и постепено искачување. Започнува од туристичка населба Беровско езеро со првично качување од 100 м до врвот Шабан (1090 мнв) и минува висоравниски живописни шумски предели од бел бор кој постепено преминува во букова шума. Преку Бабин Чукар се враќа назад, преку пространи пасишта и ретка борова шума низ с. Ратево до Берово.

ПАТЕКА 3

Беровско езеро (1000 мнв) преку Пецов Чукар (1490 мнв), Бреза (1443 мнв), Равна река, Паркач до Берово. Вкупна должина на патека 25,6 км. Време на искачување 7 часа. Патеката минува преку повеќе бачила и препорачлива е придружба од локални водачи. Место за одмор Беровско езеро, бачилото на Бреза, Равна река, Берово. Патеката минува преку букова и борова шума.

ПАТЕКА 4

Пешачката патека од Берово (Јуовец) преку туристичката населба Абланица до Беровското езеро реализирана во рамки на пректот “По патеките на дедо”. Вкупната должина на патеката изнесува 6 км. Патеката поминува низ рамнински и шумски предели преку реката Брегалница под крошните на многубројните дабови, букови и борови дрвја. По текот на патеката ќе уживате во богатството од лековити тревки и шумски плодови. Патеката е обезбедена со две места за одмор каде може да земете здив на свежиот воздух и е адаптирана за возење велосипеди.

ПАТЕКА 5

Патеката/врвицата на Илинденците – е местото на кое во 1906 година загинал големиот револуционер Дамјан Груев. Патеката е долга 15 км и се минува за 5 часа. Патеката поаѓа од с. Русиново (930 мнв) преку врвот Петлец (1250 мнв) кој е за 100 метри пониско од врвот кој е на 1350 мнв и се враќа назад во с. Русиново.

Извор: Хотел Манастир