ПИНГ ПОНГ: ППК„ЗЕГИН“ СО ТРИ ПРВИ МЕСТА ОД ТУРНИРОТ ВО БУГАРИЈА

ПИНГ ПОНГ: ППК„ЗЕГИН“ СО ТРИ ПРВИ МЕСТА ОД ТУРНИРОТ ВО БУГАРИЈА
декември 20 01:05 2022

Пингпонгарите на ППК„Зегин“ од Берово, со максимални три први места на турнирот во Полски Трамбеш во соседна Бугарија. На турнирот во пинг-понг учествуваа натпреварувачи од повеќе градови во Бугарија, а најуспешни беа нашите три натпреварувачи.

Најпрво Сара Ризовска ги победи двете најдобри пингпонгарки до 13 години и го освои првото место во оваа конкуренција. Со две победи, прво место на турнирот освои и Изабела Ковачовска, која беше подобра од двете најдобри пингпонгарки на турнирот до 15 години. Успехот на младите пингпонгари од ППК„Зегин“ од Берово, го круниса и нашиот Антонио Аврамски кој, беше подобар од силниот противник во финалето и со тоа го освои првото место до 15 години на турнирот.

Тренерите Јован Ковачовски и Горан Кракутовски -Кеки, задоволни од прикажаната игра на нашите пингпонгари, истакнаа дека со упорност, труд и верување во заедничкиот успех на тимот, се постигнуваат врвни резултати, што е доказ за прекрасната игра на младинците против силната конкуренција на квалитетни играчи на турнирот.

Турнирот во градот Полски Трамбеш, е уште еден во низа на освоени први места на беровските пингпонгари, кои изминатите три години од нивното постоење, се најбрзорастечки пинг-понг клуб во Македонија, со големо членство на млади пингпопогари, додека Берово со нивните успеси, го зазема приматот на пингпонгарски град.

  Категории: