ПЕХЧЕВО ДОБИ СОПСТВЕНИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЦИ.

ПЕХЧЕВО ДОБИ СОПСТВЕНИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЦИ.
мај 31 20:35 2020

Министерството за внатрешни работи излезе во пресрет на граѓаните на општинa Пехчево  и го одобри барањето за добивање на сопствени регистарски ознаки на возилата.Како што велат од Општината, конечно се реализира една иницијатива која подолго време беше желба на секој поединец во Пехчево, а денес ете тоа е веќе решено.

За Пехчево кодот на регистарските таблици ќе биде ПЕ.Одлуката за измена на Правилникот од областа на регистрација на возила беше објавена во Службен весник денес, на 31 Мај и ќе влезе во сила осмиот ден од неговото објавување. 

  Категории: