Пекевски од Будинарци: Се грижевме за сите, Будинарци задоволно дава поддршка, ветуваме дека и во следниот мандат ќе го даваме НАЈДОБРОТО за сите

Пекевски од Будинарци: Се грижевме за сите, Будинарци задоволно дава поддршка, ветуваме дека и во следниот мандат ќе го даваме НАЈДОБРОТО за сите
октомври 06 19:51 2021

Kараванот на СДСМ и коалицијата, денес беше на средба со жителите на село Будинарци.
Градоначалникот за втор мандат, Звонко Пекевски изрази голема благодарност за дадената шанса да ја води општината минатите четири години за да покаже како се работи транспрантетно, отчетно и чесно за благостојбата на сите граѓани како што потенцираше тој.

„Делата зборуваат што е сработено во Берово и  нема потреба од никакви фалби за тоа што е сработено во Берово, во другите села, сите вас ве интересира за вашето место, за вашата околина : каменот тежи на своето место. Навистина имавме проекти за Берово, имавме проекти за секое населено место, за секога група граѓани, секој сегмент на локалното и општественото живеење но дозволете ми вечерва само да ги најбројам накратко  проектите кои успешно ги завршивме во првиот мандат за Будинарци.“, потенцираше Пекевски.

Тој ги потенцираше сработените проекти конкретно за Будинарци во овие четири години креирани да го зголемат квалитетот на животот на сите жители од селото.

Инфраструктурните проекти се слика за подобрувањата што ги доби Берово, изминатите четири години. Еден од поглавните проекти на ниво на општина Берово беше изградбата на регионалниот пат Берово- Виница, со што дирекно го подобривме животот на жителите на с. Будинарци . Градевме, градиме и ќе градиме по план. Изграден е колектор за фекална канализација, со што се заокружи процесот за собирање и третман на отпадните води во горното течение на реката Брегалница и дирекно се влијае на заштита на водите на река Брегалница. За овој проект околу 2.500.000,00 денари обезбедивме од Министерството за животна средина и просторно планирање, а останатите околу 750.000,00 денари ги обезбедивме од општинскиот Буџет. 1.000.000,00 денари инвестиравме и регулација на дел од коритото на отворен канал во с. Будинарци.  Осветлен е спортскиот терен во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”, подрачно училиште во с. Будинарци, поставени се нови  кошови, затоа што вие тоа го истакнавте за приоритет и затоа што вие бевте партнер на локалната власт во креирање на проектите за Будинарци. И во иднина ќе продолжиме со доградба на каналот во селото и ќе издградиме крак од колекторот од основното училиште.„ истакна Пекевски.

Тoј ги презентираше планираните проекти за Берово и конкретно за Будинарци планирани за вториот мандат и вети нивна реализација со ист ритам, планирање, отчетност и транспаретност како досегашните четири години.

Одобрувањето на жителите на Будинарци беше очигледно што после цицклуси и циклуси на избори имаат претставници во локалната самоуправа кои разговараат и ги планираат проектите заедно со граѓаните а истите ги реализираат.  Се договорија со Пекевски да се среќааваат редовно на средби каде ќе бидат информирани до каде се проектите кои се реализираат, планираните проекти и заедно да планираат нови проекти кои ќе ги решеваат проблемите и ќе го унапредуваат квалитетот на животот на сите.

Пекевски на крај ги повика за себе, за соседите, за сите, да го изберат НАЈДОБРОТО бидејќи само НАЈДОБРОТО гарантира реализација на проектите.

„Во рамките на програмата за подобро утре за нас и за идните генерации, за поквалитетен живот на сите наши граѓани, Ве повикувам,  на 17 Октомври да излеземе на избори и да го избереме најдоброто за Берово, за Будинарци, гласаме за број 12 и да продолжиме со развојот и напредокот на Општина Берово.“, повика Пекевски.

  Категории: