ОТВОРЕНО ПИСМО ОД МЛАДИОТ МАЛЕШЕВСКИ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ВАСКО: ИМА ЛИ СВЕТЛО НА КРАЈОТ ОД ТУНЕЛОТ?

ОТВОРЕНО ПИСМО ОД МЛАДИОТ МАЛЕШЕВСКИ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ВАСКО: ИМА ЛИ СВЕТЛО НА КРАЈОТ ОД ТУНЕЛОТ?
јули 08 17:50 2022

Васко Црнаковски е најдобриот млад земјоделец во Малешевијата, кој засадува околу 50 декари компир секоја година.Тој е еден од повеќето земјоделци на кои минатонеделните врнежи на град, им ги опустошија насадите со компир кој е нивната единствена егзистенција за живот.

Младиот Васко излезе со отворено писмо до јавноста и институциите, кои како што вели немаат слух за агонијата и голготата која ја трпи малешевскиот земјоделец поради не постоење на базни станици, затоа што ефикасниот систем со градобијни ракети е заменет со не ефикасно авионско засејување на облаците, кое причинува огромни штети на земјоделците.

Еве го и целото писмо на младиот земјоделец Васко:

Има ли светло на крајот од тунелот?
Има ли крај на агонијата и голготата низ која поминува земјоделецот?
Постот не е политички мотивиран и нема политичка позадина, туку е објективен и реален и има за цел да ги отвори очите на надлежните институции.


Десетина години наназад Македонија располагаше со 300 базни станици со градобијни ракети кои при потенцијално приближување на градоносни облаци се испалуваа на височина од 6 км и градот го за 10 секунди беше претворен во дожд. Сега не постојат базни станици затоа што ефикасниот систем со градобијни ракети го заменивме со неефикасно авионско засејување на облаците. За набавка на нов, современ систем со два метеоролошки радари беа потребни милион евра додека за избор на авио флота која ќе лета за време на невреме-тендерче од милион и пол евра(тендерче за тате, за бате, за внучко…).

Нема општина која не беше погодена од врнежи на град чија големина на зрно некаде достигнуваше и колку еден лимон. Земјоделците повеќе време апелираат да се врати стариот ефикасен систем со градобијни ракети, но институциите остануваат неми. Вака ли планирате да го зголемите домашното производство, вака ли се унапредува земјоделието?

Земјоделието не се зголемува преку компјутер и фотеља туку со излегување на терен, разговор со вистинските земјоделци, изнаоѓање заеднички решенија, и намалување на фантомските земјоделци кои се “земјоделци” само за земање субвенции.
И да, нареден пат кога ќе отидете на пазар и сакате да купите земјоделски производ од производител, не се ценкајте за цената туку оставете бакшиш.

  Категории: