Општините ќе управуваат со градежното неизградено земјиште. Ова, денес со договор го потврдија Министерството за транспорт и врски и ЗЕЛС , како дел од напорите за поголема децентрализација, но и зголемување на општинските капацитети:
Дополнително, ЗЕЛС во иднина ќе управува и со т.н. е-градежно земјиште, односно со електронски систем преку кој по електронски пат се вршат сите постапки за купопродажба или закуп на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија:
Овој систем досега го користат 46 општини кои ги имаат исполнето сите услови утврдени со закон и се стекнале со право да управуваат со неизграденото градежно земјиште, сопственост на Република Македонија. Во останатите општини постапките се водеа преку Министерството за транспорт и врски.