ОПШТИНИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА НОВАТА ПРОГРАМА НА ИПА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА

ОПШТИНИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА НОВАТА ПРОГРАМА НА ИПА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА
април 01 11:18 2022

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски присуствува на заеднички состанок со претставници од Заедницата на општини на Република Бугарија и Република Северна Македонија, која овие два дена се одржува во Сандански Бугарија.

Состанокот е во рамките на Програмата за прекугранична соработка за периодот 2021-2027 година, а целта на оваа средба е да се запознаат претставниците на општините од Североисточниот, Истчениот и Југоисточниот плански регион, како и општините од Република Бугарија, Благоевград и Ќустендил со резултатите на Програмата за прекугранична соработка, за периодот 2014 -2020 година.

-Ги презентираме резултатите од реализираните проекти од ИПА програмата, преку кои Берово изминатиот период бележи врвни унапредувања на општествените процеси.Покрај повеќето прашања на дневен ред е и прашањето за граничниот премин Клепало – истакна градоначалникот Пекевски.

На состанокот учествуваа и премиерот на Бугарија, Кирил Петков и министерот за локална самоуправа Горан Милевски .

  Категории: