ОПШТИНА БЕРОВО ЌЕ ПОТРОШИ 200.000 ДЕНАРИ ЗА НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ НА ГРАДОТ.

ОПШТИНА БЕРОВО ЌЕ ПОТРОШИ 200.000 ДЕНАРИ ЗА НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ НА ГРАДОТ.
ноември 26 23:28 2020

Берово за време на новогодишните празници ќе биде украсено со нови украси. Како што рече градоначалникот Пекевски, поради немање можност и блокираната сметка претходните години Берово како туристичко место, годинава ќе ги замени старите  дотрајани украси и светилки со нови, а за таа цел Општината  од буџетот ќе издвои 200.000 денари.

Сепак, Беровчани не се согласуваат со оваа одлука на Општината.Велат дека во време на пандемија, овие средства можат да се искористат за други работи кои се многу поважни од украсувањето на градскиот плоштад.

Иако некои од соседните општините донесоа одлука украсувањето да го остават за некои подобри времињаа и средствата да ги пренаменат за справување со ковид пандемијата, сепак Пекевски додаде дека Општината годинава издвоила највисока ставка на средства за превенција од корона  кризата.

Што се однесува до соседната оштина Пехчево, средствата за новогодишното украсување ќе бидат пренаменети во Домот за деца без родители и Домот за деца со посебни потреби како и дел во градинката 7 Септември.

Освен украсувањето, оваа година сите настани, концерти и прослави за новогодишните празници на градскиот плоштад  во Берово  се откажани.

  Категории: