Општина Берово поднесе апликација за реконструкција на улица “Илинденска” во село Ратево

Општина Берово поднесе апликација за реконструкција на улица “Илинденска” во село Ратево
декември 14 21:42 2022

По успешната реализација на асфалтирање на главната улица во село Двориште преку проектот „Македонија без кал“, Општина Берово поднесе апликација за реконструкција на улица Илинденска во село Ратево.

Консултантите од Mott Macdonald заедно со градоначалникот Пекевски, денес го посетија теренот во селото Ратево за на лице место да ја проверат фактичката ситуација со проектната документација, со цел проектот да премине во следна фаза.

-Денес бевме во посета на село Ратево на проверка на фактичката ситуација на терен во однос на проектната документација. Работиме транспарентно и отчетно, реализираме проект по проект постојано и систематски, со цел унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани на Општина Берово – истакна градоначалникот Пекевски.

  Категории: