Со одлука на Советот на Општина Берово која едногласно беше прифатена од страна на советниците, денес беше доделена опрема на корисниците на социјални услуги.
Целта на оваа акција како што истакнаа од општина Берово е да се поттикне хуманоста и емпатијата во локалната заедница, но и да се помогне онаму каде што е потребно.
Заложба и приоритет и понатаму остануваат најранливите категории на граѓани, кои заслужуваат да имаат пристоен живот.
Локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму да работи на унапредување на социјалната заштита на локално ниво, како преку организирање на хуманитарни активности, така и преку различни алатки преку општината.