Околу 150 организации од Македонија и Бугарија денес во Делчево бараа партнери за ИПА проекти. Оваа Програма е од интерес на целиот регион, посебно за општините од овој дел на Република Македонија.
Истата нуди можност за аплицирање во делот на животната средина, одржлив туризам и конкурентност, но и придонесува за интензивирање на меѓусекторската соработка на двете страни од границата:
Голем дел од заинтересираните страни, овде дојдоа со конкретни идеи, за чија реализација им е неопходен партнер од другата страна на границата:
Повикот е отворен во јануари , а ќе трае до мај:
Денешниот настан беше во организација на Заедничкиот секретаријат на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.