ОД УТРЕ ПЛАСТИЧНИТЕ ЌЕСИ ЌЕ СЕ НАПЛАЌААТ ПО 15 ДЕНАРИ

ОД УТРЕ ПЛАСТИЧНИТЕ ЌЕСИ ЌЕ СЕ НАПЛАЌААТ ПО 15 ДЕНАРИ
ноември 30 17:04 2021

Од среда во сите трговски објекти пластичните биоразградливи  кеси ќе се наплаќаат по 15 денари. Ова го предвидува Законот за управување со пакување и отпад од пакување. Досега, цената на кесите зависно од трговските објекти чинеше од 1 до 10 денари.

Со оваа одлука, како што информираа од Министерството за екологија, се прави обид да се намали употребата на пластични кеси, а граѓаните да се префрлат на кеси кои ќе бидат за повеќе употреби изработени од еколошки материјали.

Од утре ќе настане хаос во маркетите, предупредуваат производителите на пластични кеси. Велат дека законот со кој кесите ќе се наплатуваат по 15 денари за нив ќе значи смрт. Ќе отпуштат околу 60% од работниците. Затоа бараат одлагање на примената на законот на 5 до 7 години за да имаат време да се подготват. Сега им биле оставени само три месеци за прилагодување.

Произвoдителите велат дека во периодот од 5 до 7 години и Министерството за животна средина ќе има време да го преработи законот кој сега е полн со недоречености. Имено, според она што го знаат произвдителите, ќе се наплатуваат само кесите во маркетите, односно каде што се пакуваат производи за секојдневна употреба, но не и во продавниците за облека, книжарниците и останатите трговци.

Од Министертсвто за животна средина велат дека законот ќе се применува од среда, како што беше планирано. Парите што ќе се собираат од пластичните кеси ќе одат во посебен фонд за животна средина.

  Категории: