ОД УТРЕ ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ КОВИД 19 НА ГРАЃАНИТЕ НА БЕРОВО, ЌЕ СЕ ВРШИ ВО БИЗНИС ИНКУБАТОРОТ.

ОД УТРЕ ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ КОВИД 19 НА ГРАЃАНИТЕ НА БЕРОВО, ЌЕ СЕ ВРШИ ВО БИЗНИС ИНКУБАТОРОТ.
мај 16 18:34 2021

Поради зголемените гужви и интересот на Беровчани за вакцинација против Ковид 19 вирусот, вакциналниот пункт кој досега беше во Здравниот дом, се преместува во „Бизнис Инкубаторот“ во Берово.

Како што рече директорката на Здравниот Дом, со ова се овозможува да се стави ред во здравствената институција во Берово, во која се правеа гужви во последните неколку недели.

– Направивме напори да се премести вакциналниот пункт од приземјето на Здравниот Дом во Берово, каде последните неколку недели и вие самите бевте сведоци на огомните гужви кои се создаваа од нашите граѓани.Од понеделник поточно утре, вакцинацијата ќе се врши во салата на Бизнис Инкубаторот, со цел да се излезе во пресрет на граѓаните.Досега во Здравниот Дом во Берово, поради големиот интерес на Беровчани за вакцина, се создаваше метеж на влезот на здравствената установа, каде не можеше нормално да функционираат здравствените прегледи и услуга на другите граѓани кои имаат потреба од лабораторија, итните случааи или било каков друг преглед.Локацијата на пунктот за вакцинација во Бизнис инкубаторот исто така би придонела и за поголемо почитување на мерките за претпазливост – рече д-р Весна Коловска.

Инаку досега околу 700 граѓани на Берово се имунизирале со вакцините на „Астра Знека“ и „Синофарм“.Вчера во држават пристигнаа нови 200.000 вакцини на „Синофарм“ па се очекува следниот период и во Берово да пристигнат доплонителни дози од вакцината за вакцинација против Ковид 19 на населението.

  Категории: